Американскиот производител на автомобили Ford ја разгледува идејата за прикажување на билборди на внатрешниот дисплеј во автомобилите.
Истражувањата на темата се потврдени со документ од Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД, според кој новиот систем би можел да генерира „билборд интерфејс“ во внатрешноста на возилата со помош на камера која скенира библорди и процесор кој дел од тие снимки ги репродуцира на дигитален дисплеј.
Тоа значи дека Ford размислува за огласувачки систем кој ги скенира билбордите покрај патот додека возите, а потоа ги рефлектира брендовите, производите и рекламираните понуди на внатрешниот екран во автомобилот. Наместо да слушате радио или музика, со овој систем ќе може да гледате реклами во својот сопствен автомобил.
Меѓутоа, можеби ќе помине подолго време пред да видиме вакви реклами во автомобилите. Авто-мото порталот Motor1 поставил прашање до Ford во врска со новиот патент, на што добиле одговор дека „патентите за нови изуми се регистрираат како нормален чекор во бизнисот, но тие не се нужно показател за нови бизнис планови или производи.”