Францускиот фото-сервис Cheerz, водечка платформа во онлајн печатењето фотографии, се здружи со креативната агенција Steve за лансирањето на нивната прва заедничка кампања која го одразува слоганот: “Printer of smiles” („Печатач на насмевки“), славејќи ги насмевките и уникатните приказни позади нив.
Силна референца за мисијата на Cheerz: „Предизвикајте насмевка кај луѓето“
Кампањата се заснова на серија визуелни креативи кои прикажуваат различни ситуации, луѓе, возрасти и култури. Што имаат заедничко сите тие? Насмевка! Ова е начинот на Cheerz да ја изрази својата мисија „Make People Smile“ („Предизвикајте насмевка кај луѓето“), потсетувајќи нè на важноста на спомените и придобивките од нивното овековечување преку печатење на разни начини: персонализирани фото албуми, постери, кутии за фотографии, календари и слично.
„Навистина, насмевката е вкоренета во ДНК-та на Cheerz. Убедени сме дека нашиот слоган „Printer of smiles“ совршено ја илустрира секојдневната амбиција што си ја поставивме, а тоа е да предизвикуваме насмевки кај луѓето! Затоа беше важно да се развие комуникација што е усогласена со нашата амбиција, притоа додавајќи емоционална длабочина“ – коментира Алексис Битон, маркетинг директор во Cheerz.
Насмевката: еден израз, бесконечен опсег на емоции
Без разлика дали се работи за момент на радост, љубов, носталгија или успех, секоја насмевка е сведок на незаборавни моменти и длабоки емоции.
„Во Cheerz печатиме милиони насмевки секоја година и секоја од нив е уникатна. Токму овој бесконечен опсег на емоции пренесени со насмевка се обидува да го нагласи нашата кампања“ – додава Алексис Битон.
Моќен пристап и фер поглед на денешното општество
Иако оваа кампања ја слави радоста, не треба да се гледа на неа како на наредба да се биде среќен, туку како верен одраз на емоциите што ги доживуваме во текот на животот: од значајни настани, до мали радости во секојдневниот живот. Брендот оддава емотивен, фер и модерен поглед кон денешното општество.
„Поп-културата е популарна култура, онаква каква што сите ја делиме. Со оваа нова комуникациска платформа за Cheerz, сакавме да прикажеме моменти од животот што сите ги знаеме, кои некогаш ги допреле нашите животи. Секоја насмевка раскажува приказна“ – дополнува Гијом Лартиг, копретседател и креативен директор на агенцијата Steve.
Оваа “out-of-home” кампања била лансирана во Франција во септември, надополнета со дигитална кампања. Новите егзекуции на кампањата биле објавени на крајот на ноември во пресрет на новогодишните прослави.
ЗАСЛУГИ
Компанија: Cheerz
Генерален извршен директор: Ана Скули-Логотети
Генерален маркетинг директор: Алексис Битон
Директор за бренд и креатива: Ракел Пинто
Уметнички директор: Ана Шмит
Агенција: Steve
Ко-извршен директор и извршен креативен директор: Гијом Лартиг
Креативни директори: Жан-Франсоа Буше и Емануел Курто
Бизнис директор: Луис Тиерни
Директор за клиент: Пјер Ван Елсланд