Утрово, заедно со првите сончеви зраци, на праговите на неколку домови во општината Карпош се појавија пакети со новите млечни производи на Алпско. Како некогаш, кога доставувањето на млечни производи до домашната врата беше редовна пракса, луѓето се разбудија со погледот на свежо кисело млеко и јогурт на својот праг.
Акцијата беше организирана од Лакталис МК, со намера да ги потсети луѓето на традицијата, блискоста и човечките контакти, но и на пријатните изненадувања и подарувањето, кои успеваат да усреќат толку многу луѓе. Оние граѓани кои се разбудија најрано беа првите што се изненадија од погледот на пакети со производите на Алпско пред нивниот праг.
Пакетите кои ги добија граѓаните содржеа три вида млечни производи: млеко, јогурт и кисело млеко. Жолтата пеперутка која може да се забележи на секоја од амбалажите означува дека млечните производи се без лактоза – дел од новата безлактозна линија на Лакталис. Со оглед на фактот дека 65% од светската популација покажува намалена способност за дигестија на лактозата, млечните производи без лактоза стануваат се’ поважен дел од секојдневната исхрана на милиони луѓе низ светот.
Од неодамна, низ маркетите ширум земјата можете да ги најдете новите млечни производи на Лакталис без лактоза – Алпско млеко, јогурт и кисело млеко. Совршени за сите оние на кои интолеранцијата на лактоза им претставува проблем, но подеднакво добри и за сите обични консументи. Млечните производи без лактоза на Лакталис нудат врвен квалитет соодветен на сечија потреба и буџет. Како да ги најдете? Само следете ја жолтата пеперутка.