Големите германски медиуми често не ги потпишуваат фотографите под нивните фотографии
Германската асоцијација на новинари спроведе кампања “Фотографите имаат име“, која укажува на почитување на авторските права на фоторепортерите, но и за подигнување на свеста за нивните права и заслуги во медиумите за користење на нивните фотографии.
Кампањата покажа дека големите германски медиуми не ги почитуваат авторските права на фоторепортерите. Врз основа на истражувањето кое го спровеле 87 германски медиуми, германската асоцијација на новинари предупредува дека и малите фотографии заслужуваат признание, истакнувајќи дека големите редакции како Tageszeitung, Handelsblatt и BILD ги потпишуваат фоторепортерите само за половина од објавените фотографии.
Според резултатите од испитувањето на германските дневни весници, кампањата најмногу влијание имала на баварските весници Frankische Landeszeitung, Main-Post и Nurnberger Nachrichten кои ги потпишуваат околу 80% од авторите на објавени фотографии, додека стапката на наведување на авторите е најниска во Frankfurter Allgemeine Zeitung со 14%.
“Имаме впечаток дека нашата кампања има одреден ефект, иако многу бавно. Некои весници кои некогаш беа на дното сега се барем во средина”, изјави Мајкл Хирцлер од Здружението на новинари на Германија.
Новинарите, фоторепортерите и медиумските професионалци имаат економски права, но исто така им треба и силна правна заштита на нивните морални права, вклучувајќи го и правото да бидат именувани како автори и правото на заштита на нивната работа од било каква злоупотреба, порачува Меѓународната федерација на новинари, која ја поддржа оваа кампања.