Во Франција е донесен нов закон за заштита на младите sвезди на социјалните мрежи, кои заработуваат како инфлуенсери на YouTube и другите социјалните платформи и со кој ќе се регулира работното време на децата помлади од 16 години и нивната заработка.
Овој закон ќе го содржи и “правото на заборав“, што значи дека платформите ќе бидат обврзани да ја отстранат содржината на барање на детето. Популарноста на децата кои влијаат на своите врсници рапидно расте во последниве години, а тие често многу заработуваат од нивната „работа“ онлајн.
„Промената ќе ја направи Франција пионер во правата на детските sвезди на социјалните мрежи“, изјави пратеникот што стои зад законот, Бруно Студер.
Новиот закон, кој беше едногласно усвоен во вторникот, не се однесува на сите деца на социјалните мрежи, туку е наменет за оние кои поминуваат значително време таму, а чија работа носи приход. Нивната заработка ќе оди на сметка во банка и ќе остане таму додека не наполнат 16 години.
Компаниите што сакаат да ангажираат деца инфлуенсери ќе мора да добијат дозвола од локалните власти.
Според податоците со кои располага Форбс, минатата година од Јутјуб платформата најмногу заработи американецот Рајан Калј, тогаш осум години, чиј канал за рецензија на играчки заработи 26 милиони долари.