Маркетерите сакаат да велат дека ја подржуваат автентичноста во огласувањето, но од оваа седмица нашите колеги од француската огласувачка индустрија веќе нема ни да имаат избор по тоа прашање.
Новиот закон, кој стапи на сила на 1-ви октомври, пропишува дека фотографиите кои се користат во комерцијален контекст мора да бидат означени како „Photographie retouchée“, ако обликот на телото на моделот е дигитално изменет. За прекршителите е пропишана парична казна од 30% од буџетот за таа реклама, или најмалку 45,000 долари ако е во прашање помал буџет.
Реакциите засега се прилично ноншалантни.
Арт директорката во ДДБ Париз, Мелани Пенец вели: “Тоа и не е толку голема вест. Мојата работа нема да биде променета, луѓето сакаат да ја гледаат автентичноста – не фантазијата. Овие денеови кога користим Фотошоп, тоа е да направам нештото да изгледа уште по-вистинито, или по-валкано….или така нешто.“
Стефан Соусан, креативен директор на агенцијата Sid Lee од Париз, исто така вели дека се чини дека тоа не е некој голем проблем и очекува дека ознаките на огласите едноставно ќе станат вообичаени: “Секој луксузен бренд ќе мора да става зборови на дното од своите реклами, ние снимаме многу слики и ги ставаме во микс како би добиле најдобар резултат. Тешко е да се добие навистина вистинита слика, дури и Real Beauty кампањата на Dove не е 100% вистинита.“
Не е целосно јасно, како ова ќе влијае и на меѓународниот пазар. Geraint Lloyd-Taylor, правен директор во адвокатската фирма Lewis Silkin од Лондон, која се специјализира за медиуми, вели: “Не е 100% јасно дали ова ќе се однесува и на глобалните кампањи лансирани надвор од Франција, кои се видливи во Франција. Најсигурно е да се претпостави дека законот ќе се применува, особено ако кампањата користи француски јазик, француски контакт детали или цени во евра“.
Овој нов француски закон е дел од трендот кој надоаѓа и кој промовира социјално одговорен однос спрема фотографиите во сите медиуми. Во САД, компанијата Target и American Eagle, добија пофалби од потрошувачите поради нивните тврдеања дека не ги ретушираат фотографиите, а Lena Dunham минатата година изјави дека нема да дозволи нејзините фотографи во иднина да бидат ретуширани после случајот кога Vogue објави нејзина фотографија која беше изразито ретуширана. Сличен случај имаше и со Ким Кардашијан, која изгуби над 100,000 следбеници на Инстаграм, кога една папараци снимка на плажа покажа колку всушност нејзиниот профил на оваа мрежа е ретуширан.
Како е во другите земји
Во Израел, дигитално изменетите слики на моделите мораат да бидат јасно обележани уште од 2013 година, додека Австралија има доброволен кодекс за однесување по ова прашање од 2010 година. Британското стручно тело Advertising Standards Authority, во повеќе наврати забрануваше огласи кои се многу ретуширани, а минатата година и конгресот во САД упати барање кон Федералната трговска комисија да направи извештај за тоа дали ретушираните фотографии претставуваат “неправедно или измамничко дело или пракса“. Во Македонија засега не постои регулатива која го регулира овој сегмент на огласувањето.