Француската медиумска компанија Vivendi соопшти дека размислува да издвои неколку од своите подружни деловни оддели во засебни корпоративни ентитети, кои што потоа самостојно ќе бидат котирани на берзата.
Од Vivendi посочија дека подружниците кои што би можеле да бидат издвоени ја вклучуваат агенциската маркетинг групација Havas, телевизиската куќа Canal+ и инвестицискиот оддел што има удел во француската компанијата за издаваштво и забава Lagardere.
Водството на Vivendi смета дека нејзините акции тргуваат со „значително висок конгломератски попуст“, што го намалува вреднувањето на компанијата и ја ограничува нејзината „способност да врши трансакции за раст за нејзините подружници“.
Генералниот извршен директор Арно де Пујфонтен верува дека триото на посочени подружници за кои се планира да бидат издвоени ќе доживеат силен раст со бројни можности за инвестиции.
Во октомври, Vivendi објави пораст на приходите во третиот квартал на годината, поттикнат пред сѐ токму од растот на Canal+ и Havas.