Фросина Божиноска е првиот вработен на ИАБ Македонија и ќе ја извршува функцијата технички секретар на здружението.
Фросина ќе биде задолжена за поагилна координација на тековните активности на здружението и организација на настани.
“Среќна сум што ќе имам можност да бидам дел од семејството на ИАБ Македонија и заедно со сите членови да придонесам за поголем развој на дигиталното огласување и медиа-маркетинг индустријата во Македонија“ – вели Божиновска.
Божиновска има претходно работно искуство како маркетинг професионалец во неколку домашни и интернацинални компании во делот на веб развој и дигитално огласување.