Современиот живот е полн со мали неудобности. Комфорот на цивилизацијата знае да потфрли, а не постои бекап. Во јавниот транспорт, „пекол“ се другите луѓе.
Во најновиот спот на Службата за национални паркови на САД, агенцијата Grey New York ни претставува цела серија на фрустрации на модерниот живот, пречки кои можеби нема да ви го „уништат“ денот сами по себе, но надоврзувајќи се една на друга, се како тежина на куп камења. Гласни разговори на јавни места, автоматизирани кориснички услуги кои немаат разбирање и паркирањето кое е секогаш проблем, се само дел.
Но, на 20 април, националните паркови ширум државата нудат бесплатна „терапија“ – несреќните Американци можат да го заменат светот кој знае да потфрли со малку време во вистинскиот свет кој никогаш не потфрла.
Спотот е режиран од страна на Сем Холст од продукцијата The Directors Bureau и се пласира на социјалните медиуми во пресрет на настанот. Сите заинтересирани може да добијат информации за најблискиот национален парк преку употреба на хаштагот #FindYourPark.