Агенциската мрежа UM ја претстави „Full Colour Media“ – нова филозофија и пристап на делување, дизајнирана да го револуционизира начинот на кој маркетерите градат брендови во ерата на вештачката интелигенција. Со оваа иницијатива се најавуваат нов сет на однесувања, пристапи и производи низ глобалната мрежа на UM, вградувајќи нов менталитет насочен кон раст низ целата организација.
„Full Color Media е пристап на мултиканално планирање, дизајниран да се бори против егзистенцијалната закана на брендови кои стануваат досадни. Ја отклучува моќта на човечката генијалност во свет каде што нормативната механика на вештачката интелигенција се заканува не само со трка до дното, туку и со трка до просечноста. За да победиме во трката за раст на нашите ценети клиенти, потребни ни се стратегии кои се спротивставуваат на досадноста“ – посочува Сузан Кингстон-Браун, глобална бренд претседателка на UM.
„Овој нов пристап беспрекорно ја спојува видливоста на висококвалитетното медиумско влијание со живоста и варијабилноста на помалите, подлабоки точки на допир, создавајќи спектар на медиумски приказни кои се обединуваат за да поттикнат раст на брендот“, додава таа. „Во свет во кој доминираат медиуми управувани од алгоритам, нашиот нов пристап ги предизвикува застарените линеарни модели и црно-белите одлуки за да создаде вистинска „разлика“ и да го поттикне растот на брендовите“.
„Full Color Media“ се заснова на револуционерно истражување за градењето брендови во ерата на вештачката интелигенција. Спроведено со преку 10.000 брендови и со 5 милиони точки на податоци, истражувањето кулминираше со маркетинг теорија наречена “Brand Patterns” („Обрасци на брендови“) и комерцијален модел дизајниран да поттикнува раст и диференцијација меѓу брендовите.
Новиот модел и истражување на UM градат јасно разбирање за сложениот модел на еден бренд, со увид во тоа како успешно да се примени „различноста“ и „варијансата“ на тој бренд. Ова подлабоко разбирање значи дека вештачката интелигенција учи поефективно, поттикнувајќи зголемена маркетинг ефикасност.
„Пред да го притиснеме копчето за вештачка интелигенција, мора да разбереме што точно го разликува брендот за да можеме да ја тренираме таа вештачка интелигенција да работи ефикасно за нас и да се спротивставиме на досадноста. Обрасците на брендовите ни овозможуваат да ја разбереме сложеноста, нијансите и уникатноста на секој бренд – овозможувајќи ни да ги издигнеме и разликуваме во рамките на нивната категорија – така осигирувајќи дека нашите комуникации ќе придонесуваат за несразмерно позитивен ефект на пазарот“ – заклучува Кингстон-Браун.
Прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.