Овогодишното 33-то издание на Словенечкиот огласувачки фестивал (SOF) беше апсолутно славеничко за агенцијата Futura DDB, која има канцеларии во Љубљана и Загреб. Покрај тоа што по 14-ти пат беа крунисани за „Агенција на годината“, тие понесоа и повеќе вредни награди – дури 8 златни и 14 сребрени.
Директорот на агенцијата Futura DDB, Грегор Фирбас, го изрази своето задоволство од добиените награди, но веќе гледа напред: „Кога ќе се вратите од Порторож со полни торби со награди, атмосферата е одлична. Од друга страна, свесни сме дека ова е почеток на нов циклус бидејќи следната година дефинитивно сакаме да ја одбраниме титулата. Да се биде агенција на годината веќе 14 пати е возможно само ако имате одлични соработници кои во создавањето на креативните успеси не ја гледаат само нивната работа, туку и нивната мисија. Драго ми е што имаме две такви екипи, една во Љубљана и една во Загреб. Секако, важно е да имаме клиенти кои се осмелуваат и со кои градиме долгорочни партнерства. Futura е креативен партнер кој им помага на своите клиенти да постигнат одлични деловни резултати. Долгорочните креативни партнерства ни овозможуваат да навлеземе во сржта на бизнисот на клиентот и да соработуваме и на стратешко ниво. Оваа форма на соработка е најдобра за двете страни, а тоа го покажуваат и наградите што ги добивме на овогодинешниот SOF. Најголем дел од наградите одат за проекти на клиенти со кои соработуваме повеќе од 10 години. Така, моќта за движење е уште посилна!“
Директорката за деловен развој на Групацијата Futura и директорка на Futura DDB Zagreb, Драгана Јосиповиќ, додаде: „Посебно сме горди на разновидноста на наградите, наградувани сме во многу категории, со различни проекти. Ова докажува дека футуристите, без разлика дали живеат во Љубљана, Загреб или се движат меѓу едно и друго место, поседуваат неисцрпен извор на знаење, вештини и идеи, кои често се надвор од кутијата“.
ЛИСТА НА СИТЕ НАГРАДИ И ПРОЕКТИ:
Голема награда за кампањата за Poli: „Ludi za Poli od 1999. godine“
Златни награди во категориите:
Звук: „Neka posao na trenutak stane uz Poli!“
Звук: „POLIvinilke“
Дигитални технологии: „POLIvinilke“
Спонзорирана содржина: „POLIvinilke“
Креативна употреба на медиумите: „Neka posao na trenutak stane uz Poli!“
Иновативни решенија: „POLIvinilke“
Интегрирана кампања: „Bila sam tamo“
Управување со бренд: „Ludi za Poli od 1999. godine“
Сребрени награди во категориите:
Филм: „Poli green: kraljevna na zrnu graška“
Филм: „Bila sam tamo“
Принт: „Žare Kerin Visual communications“
Принт: „Take away Tentacle“
Принт: „Take away Claw“
Надворешно огласување: „Četiri predstave“
Надворешно огласување: „Kuglica sladoleda“
Надворешно огласување: „Festival borovnica“
Дизајн: „Bjana Quatro“
Креативна употреба на медиумите: „POLIvinilke“
Авторска фотографија: серија „Bila sam tamo“
Авторско пишување: серија „Ova hrana je za…“
Општествено корисно: „#Playforskateistan“
Управување со бренд: „Poli green“