Pepco, водечкиот европски малопродажен синџир во сегментот на вредности кој на клиентите им нуди облека за целото семејство и производи за домаќинството, а кој е присутен во Хрватска од 2017 година, е најновиот клиент во портфолиото на маркетинг агенцијата Futura DDB Zagreb. Со ова, DDB Warsaw станува сеопфатна креативна агенција за регионот на Централна и Источна Европа, а Futura DDB Zagreb истовремено станува центар за Јадранскиот регион (Хрватска, Словенија, Србија).

„Соработката со Pepco е дополнителна можност да ја потврдиме стручноста на нашиот искусен тим и верувам дека ќе придонесеме за постигнување на целите на компанијата во Јадранскиот регион со висококвалитетни и креативни решенија. Нѐ радува што имаме можност да соработува со Pepco, кој сѐ повеќе се врти кон одржливи извори со цел да го намали негативното влијание врз животната средина бидејќи смета дека како брзорастечки бренд има одговорност кон општественото и природното опкружување“ – вели Драгана Јосиповиќ, регионален директор за деловен развој на Futura DDB, додавајќи дека во агенцијата се особено задоволни што продолжуваат со успешното проширување на агенциското портфолио на клиенти, меѓу кои исто така се McDonald’s Hrvatska и Studenac.
Со споменатите активации Futura DDB Zagreb стартува во последниот квартал на оваа година, а во меѓувреме ќе се формира тим и ќе се координираат процесите.