Агенциската мрежа Publicis Groupe го назначи Габриел Забусек за нов генерален директор за технологија за регионот на Централна и Источна Европа.
Тој ќе биде одговорен за развој на технолошките способности на групацијата на 15 европски пазари.
Претходно, Габриел Забусек ја вршеше функцијата извршен директор на одделот за податоци и технологија на Publicis Groupe во Чешка, познат како KINDRED.
Во неговата кариера, Забусек водел проекти за клиенти како P&G, ČSA, Cisco, Pernod Ricard и ERDF.