Кога Samsung ја воведе Galaxy AI во уредите од тогашната најнова серија Galaxy S24, компанијата ја отвори вратата кон сосема ново поглавје во технолошката еволуција. Телефонот престана да биде само алатка – стана интелигентен придружник што разбира, размислува и се прилагодува на нашиот ритам.
Она што започна како неколку паметни футуристички функции, денес е цел екосистем што ги поврзува телефоните, таблетите, лаптопите и паметните часовници. Целта е едноставна, но длабока: технологијата да невидлив, а истовремено и незаменлив дел од нашето секојдневие, која ќе ја чувствуваме, без да ја гледаме.
Од визија до реалност
Од интергрирањето на функциите со вештачка интелигенција во Galaxy AI, Samsung постави амбициозна цел – до крајот на 2025 година, Galaxy AI да живее во повеќе од 400 милиони уреди. Тоа значеше не само корисниците на флегшип и премиум моделите да можат да ја користат, туку таа да биде и во уреди достапни за секого. Така вештачката интелигенција не е луксуз, туку постана стандард за мобилните телефони.
Можеби звучи спектакуларно, но всушност станува збор за секојдневни работи кои можеби и не ги приметуваме. Вистинската магија е токму тоа: кога телефонот преведува разговор во реално време, кога те потсетува на нешто важно, или кога со едно допирање ти сумира цел состанок. Тоа се мали, речиси невидливи гестови што го менуваат начинот на кој функционираме.
One UI 8 – кога уредот те разбира
Со новиот One UI 8, Samsung ја поврза комуникацијата преку збор, текст и слика во еден природен систем. Може да му покажеш предмет на телефонот и да прашаш: „Што е ова?“ – и ќе добиеш одговор во миг. Galaxy AI го разбира контекстот, ги поврзува гласот, фотографијата и податоците, и на тој начин ја брише границата меѓу дигиталното и реалното.
Ова е технологија што не бара од нас да се прилагодуваме на неа, туку таа се прилагодува на нас.
Моќ и одговорност
Секако, со ваквата интелигенција доаѓаат и прашања за приватноста и безбедноста на податоците. Кога уредите гледаат, слушаат и обработуваат податоци, довербата станува клучна. Samsung тука ја поставува границата јасно со дизајнирање на Galaxy AI искуства со вградени заштитни механизми кои ги штитат корисничките податоци од самиот почеток, и со примена на AI за дополнително зајакнување на мобилната безбедност и заштитата на приватноста.. Технологијата може да биде мудра само ако е и одговорна.
Galaxy AI – мост кон иднината
Денес веќе е јасно: Galaxy AI не е маркетиншки трик, туку срцето на иднината на интелигентните уреди. Телефонот, часовникот или компјутерот не се повеќе одделни алатки, туку делови од еден жив систем што нè разбира. Технологијата станува речиси невидлива – но поблиска до нас од кога било.
И ова не е научна фантастика. Ова е сегашноста што веќе ја живееме, ден по ден, допир по допир.
Испробајте го Galaxy AI – без да го менувате телефонот
Што е најдоброто во сево ова? Не мора да имате нов уред за да ја почувствувате иднината. Со апликацијата Try Galaxy, секој може да ја искуси магијата на Galaxy AI и интерфејсот One UI 8.
Преку интерактивни водичи и видеа, може да ги испробате функциите Live Translate, Note Assist, Chat Assist и Photo Assist – алатки што покажуваат колку интелигентна може да биде технологијата кога навистина работи за вас.
Бидејќи иднината не започнува утре – таа веќе е во вашиот џеб.























