Со новото лансирање на Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, Samsung не само што ги поместува границите на мобилната технологија, туку и го поставува новиот стандард за тоа како уредите можат да се користат во динамичниот маркетиншки свет. Овие телефони се повеќе од само иновации; тие претставуваат нов начин на размислување за функционалност, продуктивност и креативност, што ги прави идеални за оние кои сакаат да ги искористат најновите трендови и технологии за да ја унапредат својата работна динамика.
Galaxy Z Fold: Мобилен хаб за максимална продуктивност
Galaxy Z Fold7 е уред кој се адаптира на потребите на денешните професионалци. Со својот огромен 8-инчен екран, Galaxy Z Fold7 не е само паметен телефон, туку и преносен работен простор. За маркетинг тимовите, креативците и бизнис лидерите, Galaxy Z Fold7 нуди повеќе отворени прозорци за мултитаскинг и можност за презентации и видеоконференции со целосен екран и замислете без ограничувања. Кога ќе го затворите, го имате компактниот дизајн кој се вклопува во вашиот џеб или торба, подготвен за вашиот следен состанок или патување.
Интеграцијата на AI Gemini е она што го прави Galaxy Z Fold7 интелигентен партнер. Телефонот учи од вашите навики и автоматски се адаптира на вашата рутина. Во маркетинг контекст, ова значи дека Galaxy Z Fold7 ќе ги оптимизира сите функции за да ви помогне да ја зголемите продуктивноста, без да размислувате за тоа. Samsung Knox обезбедува максимална заштита на вашите податоци, што е “критично” за професионалците кои работат со чувствителни информации. Вашите презентации, пораки и документи ќе бидат безбедни, благодарение на врвната безбедност која ја нуди Knox.
Galaxy Z Flip7: Стил и функционалност во еден компактен пакет
Иако Galaxy Z Flip7 е мал во големина, тој е огромен кога станува збор за стил и функционалност. Со својот преклопен дизајн и модерен изглед, Galaxy Z Flip7 е идеален за професионалци кои сакаат да ги комбинираат стилот и технологијата. Лесно се вклопува во џеб, но кога ќе го отворите, откривате квалитетен екран кој е совршен за гледање видеа, презентации или работа на документи. Секој маркетер може да го користи за брза проверка на извештаи, да ги следи кампањите или да се поврзе со колегите преку видео повици.
Како и Galaxy Z Fold7, AI Gemini на Galaxy Z Flip7 овозможува интелигентно оптимизирање на вашето искуство. Овој телефон ги разбира вашите потреби и автоматски ги адаптира поставките, за да го направи вашиот мобилен живот побрз и попродуктивен. SmartThings ви овозможува да ги контролирате сите паметни уреди во вашиот дом или канцеларија со само неколку клика, што го прави Galaxy Z Flip7 не само мобилен уред, туку и клучен дел од вашиот паметен екосистем.
Try Galaxy: Биди прв, биди ултра, биди моќен!
Едно од најголемите предности кои ги нуди Samsung, е можноста да се испробаат уредите пред да се донесе одлука. Try Galaxy ви овозможува да го искусите Galaxy Z Fold7 или Galaxy Z Flip7 без обврска. Преку виртуелна демонстрација, можете да ги тестирате функциите на уредот, да го истражите неговиот стил и да видите како ги подобрува секојдневните задачи, од маркетинг кампањи до креативни презентации.
Технологија која ја олеснува работата и ја зголемува продуктивноста
Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 не се само телефони, тие се инструменти за професионалци кои сакаат да бидат на врвот на својата игра. Со своите иновации во AI, SmartThings, и безбедноста на Samsung Knox, овие уреди обезбедуваат ефективност и сигурност која е неопходна во современиот деловен свет. Доколку сакате мобилен уред кој ќе ви помогне да ја зголемите продуктивноста и да го изразите својот стил, побрзајте и нарачајте Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 и магијата ќе започне!