Белгија, којашто има интернет пенетрација од 75 отсто, и Луксембург, каде што преку 80 отсто од населението користи интернет на дневна база, сега се официјално 35. и 36. земја каде што „Гемиус“ ги спроведува своите истражувања на интернет публиката.
Соработката почна од 1 април и ќе се спроведува во наредните две години, со можност за продолжување. Centre d’Information sur les Médias (ЦИМ) и мешовитиот индустриски комитет на Белгија го избраа новиот истражувачки партнер без тендерски процес.
– Го поздравуваме нашето ново партнерство со посветени експерти по интернет, како „Гемиус“. Со задоволство гледаме на следниот период за соработка и наоѓање прагматични истражувачки решенија во брзиот развој на интернетот – изјави Стеф Петерс, претседател на ЦИМ.
– ЦИМ одлучија да ги користат нашите услуги поради тоа што имаме добар имиџ и уживаме голема доверба од другите европски индустриски комитети. Тие ги препознаа нашите конкурентски предности и фактот дека доставуваме решенија по мера на клиентот, кои можат да се приспособат на специфичните локални потреби на самиот клиент. Понатаму, нашиот бренд е гаранцијата за добра и успешна методологија и инфраструктура– вели Пиотр Ејдис, претседател на „Гемиус“.
Белгискиот ЦИМ е формиран во 1971 и е активен во сите медиумски полиња на локалниот пазар: телевизија, радио, печатени медиуми, билборди, филмови и интернет. Како непрофитна организација, ги објавува сите релевантни податоци од интерес на медиумите во Белгија. Во неа членуваат сите поголеми двигатели на пазарот, главно огласувачи, маркетинг агенции, медиумски центри и медиуми.
Гемиус спроведува интернационални интернет истражувања со кои што го истражува бројот и демографскиот профил на интернет корисниците и начинот на кој тие го користат интернетот, аудио и видео содржините и мобилните апликации. Истражувањата се вршат со помош на хибридната методологија на Гемиус, која е во согласност со ICC/ESOMAR интернационалниот кодекс на однесување.