Business Insider ги прикажува резултатите од истражувањето за Генарација Z според кои лицата од 13 до 21 година сѐ повеќе ги напуштаат Facebook, Kik Messenger и Skype во корист на некои други сервиси
Business Insider спроведе истражување за преферненциите на Генарација Z кои се однесуваат на некои од актуелните социјални мрежи на пазарот.
Терминот Генарација Z се однесува на лицата кои се родени во периодот од 1995 до 210 година, а истражувањето се однесува на оваа возрасна група во САД (учествувале 1884 испитаници).
Едно од прашањата во истражувањето се однесуваше на социјалните мрежи кои испитаниците ги користеле, но не ги користат повеќе. Околу 30% од испитаниците изјавиле дека ја користеле претходно, но повеќе не ја користат сѐ уште најпопуларната социјална мрежа, Фејсбук.
Канадската апликација за размена на пораки Kik Messenger веќе не се користи од страна на 29,7% од испитаниците, додека Skype веќе не го користат 24,6% од испитаниците. Платформата за микроблогирање Twitter веќе не ја користат 21% од испитаниците, а 20,3% од корисниците повеќе не го користат ниту Instagram.
Од друга страна, 69,59% од испитаниците редовно го користат токму Instagram, додека на второ место се наоѓа YouTube, кој редовно го користат 62,48% од испитаниците. На трето место е Snapchat со удел од 51.31%, а на четвртото место Facebook со удел од 34,19%.