Американскиот производител на автомобили General Motors ќе го смени логото и ќе започне маркетинг кампања за електрични возила (е-возила) со цел да се претстави во ново светло: како компанија што произведува возила кои не ја загадуваат животната средина
Старото лого со бели букви „GM“ на сина позадина ќе биде заменето со плави букви „GM“ на бела позадина заоблена во сина боја.
Ова е најголемата промена на логото од 1964 година.
Од компанијата наведоа дека до 2025 година, 30 нови електрични возила ќе ја видат светлината на денот. Новата кампања, како што рекоа, треба да ја претстави нивната прогресивна визија за иднината.
Кон крајот на минатата година, General Motors објави дека се приближува до откривање на нова хемија на батерии што за помалку од пет години ќе ја направи поприфатлива цената на електричните возила, како што е цената на возилата со мотори со внатрешно согорување. Некои ќе можат да поминат повеќе од 700 километри со едно полнење на батеријата и да забрзаат од нула до 100 километри на час за само три секунди.
Компанијата вети дека ќе инвестира 27 милијарди долари во производство на возила на батерии до 2025 година.
Инвеститорите на берзата се повеќе се интересираат за компании кои произведуваат електрични возила.
Акциите на Тесла минатата година пораснаа за 800 проценти, а пазарната вредност на таа компанија надмина 800 милијарди долари.