Генералната маркетинг директорка на одделот за патнички возила при германскиот производител на автомобили Volkswagen, Нели Кенеди, се повлекува од функцијата – пренесува адвертајзинг магазинот Campaign.
Американката се пресели во Германија за да ја преземе важната функција во компанијата пред само една година, во февруари 2023 година, наследувајќи го Јохен Сенгпиел, кој тогаш ја презеде водечката маркетинг позиција за Volkswagen Group во Кина.
Претставник на компанијата потврдил дека Кенеди заминува „на нејзино барање“ за да се врати во САД, најавувајќи дека „нејзиниот наследник ќе биде објавен подоцна“.
Пред Volkswagen, Кенеди извршувала високи маркетиншки функции во брендовите Google и Adidas.
Заминувањето на Кенеди доаѓа во време кога Volkswagen спроведува глобална медиска ревизија и истовремено отпочна голема маркетинг кампања во САД по повод 75-годишнината од влегувањето на американскиот пазар.