Не е изненадување и за чудење кога имаме прилика да споделиме некоја интересна промотивна активност на гигантот ИКЕА. Тие се познати како бренд кој не се плаши да експериментира, иако тој атрибут веќе и неможе толку наивно да им се додели знаејќи дека ова нивно “експериментирање“ е прилично “гласно“ и многу далеку се слуша.
Повод денеска е најновото нивно Out of Home дело. Станува збор за еден билборд кој треба да пренесе три различни пораки. Сето ова е остварено со RGB концепт.
RBG концептот е развиен од Silvia Quintanilla и Francesco Rugi. Целта им била да создадат алатка со која може е да се “поигра“ со површината и со границите (оквирите) на нештата.
ИКЕА на својот билборд со оваа техника креираше три различни наслови еден на еден. Еден наслов е виолетов, друг жолт и трет син. Истиот билборд е опкружени со светла во различни бои: зелена, сина и црвена.
Кога билбордот е осветлен со зелено светло, само насловот во виолетово може да се чита. Црвеното светло го прави читливо синото а синото – жолтата. Јако ! Видете :