Менувајќи го Холивуд за швајцарскиот град Биен, познатиот актер и амбасадорот на OMEGA Џорџ Клуни неодамна ја посети новата фабрика на брендот и од прва рака се запозна со најсовременото производство на часовници кое се одвива внатре.
Новите производствени капацитети на OMEGA беа отворени во 2017 години и ова е првото искуство на легендарниот актер да види точно како и каде OMEGA ги комплетира своите познати часовници. На специјалната турнеја, во придружба на генералниот извршен директор на OMEGA Рејналд Ашлиман и генералниот извршен директор на Swatch Group Ник Хајек, Клуни се запозна со петте сектори во кои се одвива целосното склопување на часовниците, нивното тестирање и контрола на квалитетот.
Турнејата вклучуваше и посета на Швајцарскиот федерален институт за метрологија (METAS) каде часовниците се тестираат според најсовремениот сертификат „Master Chronometer“. Тука OMEGA ги сертифицира своите часовници според највисоките стандарди на индустријата за прецизност, перформанси и магнетна отпорност.
Џорџ Клуни е вистински фан на часовниците на OMEGA уште од детство. Моделот Speedmaster, особено, е негов прв избор веќе долги години. Имајќи го сето ова во предвид, сигурно дека посетата беше возбудливо искуство за актерот да се запознае одблиску со произведството на најсовремените колекции часовници на денешницата.