Еден од најдобрите фудбалери во премиерлигата – Герет Бејл се надева дека ќе заработи дополнителни 3 милиони долари доколку успее да го заштити својот “бренд“ – “11 срца“ , карактеристичен за неговото прославување на голови.
Тој до надлежните институции упатил барање за заштита на начинот на кој ги прославува своите голови. Доколку добие позитивен одговор Бејл, неговото лого би гo ставил на разни комерцијални производи и од нивна продажба, според спортските маркетинг експерти се очекува годишна заработка од околу три милиони евра.
Независното тело кое треба да одучи дали овој “знак“ може да се заштити како бренд треба да одлучи во наредните два месеци.
Срцето оформено со двете раце првпат Бејл го употреби пред три години искажувајќи и љубов на својата сопруга Еми Рис Џонс со која неодамна доби и ќерка.