Жирито за овогодишното издание на Gerety Awards ќе биде составено од преку 170 агенциски и бренд лидери од 30 различни држави, кои ќе ги наградат најдобрите остварувања во светот на адвертајзингот од женска перспектива.
Тргнувајќи од проценките дека 80% од сите одлуки за купување ги прават жените и дека досегашните наградни настани се во најголема мера жирирани од мажи, Gerety Awards поставува важна дистинкција во дефинирањето на стандардите по кои треба да се води адвертајзингот.
Овогодишните сесии на жирирање ќе се одржат во 10 градови ширум светот, и тоа: Њујорк, Лондон, Хелсинки, Берлин, Јоханесбург, Истанбул, Мелбурн, Мадрид, Буенос Аирес и Банкок.
Големото жири ќе вклучува некои од најпознатите светски имиња во адвертајзинг инфустријата како Свати Батачарја, генерален креативен директор на FCB Ulka од Индија; Никол МекМилан, потпретседател за маркетинг во MARS; Лиз Тејлор, глобален креативен директор на Leo Burnett; Лизет Вилијамс, претседател на Havas Worldwide и ко-основач и претседател на BETC; Надја Белан-Вајт, генерален креативен директор на Ogilvy Group UK и други. Целосната листа на жири-членови може да се погледне на следниот линк.
Пријавувањето за овогодишното издание на Gerety Awards е веќе отворено, а за оние кои ќе се пријават до 20 јануари следува попуст од 20% на котизацијата.