Кои агенции, агенциски мрежи и холдинг-компании стојат позади огласувачките кампањи кои најмногу резонираат со женската публика?
На овогодишното издание на креативните награди Gerety Awards, вкупно беа доделени 5 Grand Prix награди, 34 златни награди, 58 сребрени и 77 бронзени награди, со уште 139 кампањи кои се најдоа во потесниот избор. Сега, по објавувањето на добитниците за 2022 година, Gerety Awards го соопштија и нивниот избор за глобална агенција, агенциска мрежа, независна агенција и холдинг-компанија на годината.
За глобална „Агенција на годината“ беше прогласена 72andSunny, која освои 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени награди, со уште 6 номинации во најтесниот избор.
Насловот „Агенциска мрежа на годината“ му припадна на McCann Worldgroup, која собра најмногу поени од сите кампањи кои добија награди или се најдоа во потесниот избор. Вкупно 15 агенци во мрежата на McCann Worldgroup придонесоа со свои креативни остварувања за добивањето на ова награда.
За „Холдинг компанија на годината“ беше прогласена WPP, која собра најмногу поени од комбинираните резултати на победнички кампањи, факторирајќи ги сите поени собрани од агенции и агенциски мрежи кои припаѓаат на оваа британска холдинг-компанија.
Титулата „Независна агенција на годината“ ја доби агенцијата Serviceplan Germany, која на овогодишните Gerety Awards освои 2 златни награди, по една сребрена и бронзена награда, со дополнителни 2 кампањи кои се најдоа во потесниот избор.
Креативните награди Gerety Awards се доделуваат четврта година по ред, со мисија за наградување на огласувачките кампањи кои најдобро резонираат со најмоќната потрошувачка група во светот – жените. Процесот на жирирање се одвива во различни градови ширум светот, собирајќи ги некои од најдобрите креативни лидери кои ѝ пристапуваат на креативноста од женска перспектива.
Повеќе информации за наградите и наградените кампањи може да се најдат на следниот линк.