Во денешното интервју за Media Marketing, бугарскиот медиа и адвертајзинг тајкун Красимир Гергов, за кого пред еден месец пишувавме дека ја купи една од најголемите агенции во регионов Дирецт Медиа открива дел од своите планови.
Гергов кој сега е сопственик на 95% од агенцијата вели дека одсекогаш бил заинтересиран за балканот како посебно атрактивен пазар со голем потенцијал за интегриран пристап.

Со купувањето на Дирецт Медија за која Гергов вели дека ќе стане “најсилната маркетинг агенција во Југоисточна Европа“ тој уште повеќе ќе го зголеми своето влијание во маркетинг и медиа индустријата бидејќи тој е акционер во bTV Media Group, водечката медиска ТВ куќа со 44% удел на бугарскиот пазар и претседател на првата бугарска full service агенција – Kres. Гергов исто така е и партнер во агенцијата “Piero 97“ како и outdoor агенцијата “JC Decaux“
Гергов најавува уште поагресивно ширење во индустријата, интегрирање на сите добри страни кои разноликоста на неговите аквизиции му ја овозможуваат а сето тоа во прилог на тоа да се обезбеди што поцелосна и поквалитетна услуга за големите клиенти.
Или како што вели тој:
“Само оние играчи кои во целост ќе ги совладаат новите технлогии и кои ќе знаат вешто да управуваат со т.н. Big Data – можат да бидат сериозен партнер на големите глобални компании“
Неговите предвидувања се дека регионалниот пазар во наредниов период ќе расне и ќе се осети позитивен тренд кој што ќе донесе и многу подобра позиција за дигиталните медиуми кои конечно посериозно ќе бидат вклучени во медиа плановите на огласувачите. Позитивниот тренд на пораст, според Гергов, значи дека набргу и многу глобални огласувачи ќе дојдат на овој пазар, а каде се огласувачите таму се и големите маркетинг агенции, па спремно ги очекува и конкурентите.
Целото интервју можете да го прочитате на следниов линк.