Перуанската непрофитна организација која се бори против ракот, Liga Contra el Cáncer, ги премачка со крема за сончање лицата на сите модели претставени на билборди на најфрекфентниот автопат во државата, со цел да ја подигне јавната свест за превенција на ракот на кожата.
Перу го има највисокото ниво на ултравиолетово радијациско зрачење во светот и во последните години забележува сé поголем број на случаи на рак на кожата.
Со цел да се нагласи потребата од употреба на крема за сончање, креативната агенција McCann Lima се здружи со 21 брендови кои се огласуваат покрај Panamericana Sur, најфрекфентниот автопат кој го поврзува глвниот град Лима со пацифичките плажи на државата, со цел да ги „нападне“ нивните билборди со крема за сончање.
Меѓу огласувачите кои ја дадоа својата поддршка се и Coca-Cola, Ford, Diners Club, Pepsi и Huggies, како и низа локални брендови како Inca Kola и Banco Pichincha.
„Со оваа идеја сакаме да имаме километри на билборди кои ги потсетуваат луѓето дека треба да се заштитат, така што никој нема да може да бара оправдувања дека заборавил да користи крема за сончање, бидејќи сите модели на билбордите веќе ја заштитиле својата кожа. Беше одлично да се вклучат толку многу брендови во идеја која има важна општествена цел,“ истакна Кристијан Колдвел, генерален креативен директор на McCann Lima во соопштение по повод кампањата.