Правилата ограничуваат рекламирање само во контекст на медиумска содржина што е првенствено наменета за деца или од рекламирањето е јасно дека ги убедува децата
Германската рекламна индустрија се обврза на нови правила на однесување според кои, меѓу другото, веќе нема да биде дозволено да се наведуваат позитивни тврдења за исхраната, како на пример „со додадени витамини и минерали“, при рекламирање на овошни гуми за џвакање или „висока содржина на цели зрна за физичка издржливост“, при рекламирање на енергетски или чоколадни барови.
Ограничувањата поврзани со рекламирање насочено кон деца се поставени за возраст од 14 години (досега беше до 12 години). Тие се однесуваат на секое рекламирање, без оглед на избраниот медиум за објавување, било да се работи за рекламирање на социјалните мрежи, рекламирање во соработка со инфлуенсери или на платформите за размена на видео содржини.
Правилата го ограничуваат рекламирањето само во рамките на медиумската содржина што првенствено е наменета за деца или од рекламирањето е јасно дека ги убедува децата. Правилата на однесување усвоени под покровителство на саморегулирачката организација Deutsche Werberat стапија во сила на 1 јуни 2021 година.
Тие ги обврзуваат како огласувачите (производителите и трговците), така и комуникациските агенции и медиумите. Рекламирањето на храна со висок процент на маснотии, шеќер и солена храна за децата е под лупа на Европскиот парламент, како дел од стратегијата на ЕУ „Од фарма до вилушка“.