Пред екот на Новогодишните и Божиќните празници, германскиот бренд EDEKA, лидер во малопродажната и FMCG индустрија кој со своите супермаркети опфаќа 26% на германсиот пазар, пласираше интересна кампања со која ја „разбранува“ јавноста ширум Европа.
Во својата ТВ реклама, вклучуваат старец, кој пристигнува во својот дом, а се обидува да го организира своето семејсво за заедничка Божиќна вечера. Бидејќи во тоа не успева на регуларен начин, старецот презема драстични чекори и испраќа телеграма на своите најблиски со која им најавува дека починал. Сепак, после таа порака успева да го собере целото семејство на Божиќната вечера и рекламата има среќен крај. Главната порака е дека, сепак празниците треба да се прослават дома со семејството.
Воедно, за време на рекламата, брендот го претставува и официјалниот хаштаг #heimkommen со кој ги повикува своите потрошувачи да прикачат фотографија на истиот, со Божиќна тематика и „coming home spirit“ на социјалните мрежи Facebook или Instagram. Со оваа кампања на своите потрошувачи им најавува вредни ваучери и награди пред самиот празник.
Несомнено, маркетинг тимот на EDEKA, постојано се грижи да им обезбеди „уникатно купувачко иксуство“ на своите потрошувачи, и не „штеди“ на креативност. Во прилог е рекламата со која EDEKA ги изненади своите потрошувачи овој период, но минатата година.