Агенцијата Heimat и Hornbach уште еднаш не удостоија со надреален и атрактивен спот
Иако на многумина може да им се чини дека сме на сред зима, пролетта и официјално започна, а со првиот ден на пролетта и со почетокот на сезоната на работа во нашите домови, германскиот ланец на продавници за уредување на домот Hornbach започна нова кампања.
Во спотот насловен Sweat it out, Hornbach и нивната креативна агенција Heimat уште еднаш на секојдневните проблеми им пристапија од надреален агол во своето прикажување, што на некој начин стана заштитен знак на овај бренд. Спотот “Sweat it out“ прикажува фантастичен, имагинативна стил до максимум, и секојдневните стресни ситуации во нашите животи ги претставува во потполно ново светло. Проблеми на работа, проблеми со децата, преоптеретеност на медиумите и информациите, сето тоа буквално се исфрла преку пот…
https://www.youtube.com/watch?time_continue=66&v=X8FGfsZNGfg
Рекламата се карактеризира со високо стилизирана, бомбастична уметничка насока и внимание кон деталите. Спотот во својот најголем дел повеќе потсетува на филм или на музички спот, отколку на реклама.
Томас Шнаитман, маркетинг директор во Hornbach, изјави дека кампањата е типична покана на компанијата “да бидете активни и креативни, надвор во вашата градината во текот на оваа пролет. Секој кој досега ископал езерце во својата градина, насадил цвеќиња или изградил тераса, знае дека проектите што ве тераат да се испотите се најдобар начин да се справите со стресот која се насобрал во вас во текот на денот. “
Кампањата ќе се одвива на телевизија, онлајн, социјалните медиуми, надворешни реклами, радио и на продажните места.