По силната реакција на социјалните мрежи од страна на визуелните уметници кои протестираа против сликите генерирани од вештачка интелигенција, неколку онлајн заедници од висок профил објавија одлука за забрана на такви содржини на нивните платформи.
Меѓу нив се најде и популарната библиотека за сток-фотографии Getty Images која што се реши да го следи примерот и да го забрани прикачувањето на „уметност“ генерирана од вештачка интелигенција на нивната платформа, наведувајќи ги „нерешените правни прашања“ кои би можеле да ги заматат тековните закони за авторски права.
Сток-платформата исто така ќе започне да ги отстранува веќе прикачените слики генерирани со вештачка интелигенција, како што се оние создадени од популарните генератори DALL-E 2, Midjourney и Stable Diffusion.
Извршниот директор на Getty Images, Крег Питерс, рече дека отстранувањето на таквата содржина „ќе биде постојан напор“. Поставувањето на слики во библиотеката на Getty Images бара документација како договор со ангажиран модел, имотни дозволи и биометриски податоци за лицата кои се вклучени во фотографиите – нешто што делата создадени со вештачка интелигенција го немаат.
Повеќето од сликите создадени со вештачка интелигенција се всушност базирани врз други слики на интернет, кои може или не да бидат заштитени со авторски права, со што им се отежнува работата на платформите како Getty Images да се осигураат дека не се прекршуваат никакви регулативи.
Некои медиуми зебележаа дека и сток-платформата Shutterstock трганала по сличен пат и почнала да ги отстранува сликите генерирани со вештачка интелигенција од својата библиотека.