Супермаркет во Германија ги отстрани сите странски производи од своите полици за да покаже колку малку би останало за луѓето ако расистите надвладеат.
Супермаркетот „Едека“ во Хамбург го направи овој потег за да покаже кон што водат ограничените погледи на расизмот.
Сите странски производи беа отстранети во саботата, кога супермаркетот продавал само германски производи.
Мали знаци беа поставени низ супермаркетот со пораки кои велат: „Оваа полица е прилично досадна без разноликост“.
Одделот со салати имаше знак што вели: „Нашиот избор денес ги знае границите“, оневозможувајќи им на купувачите да купуваат домати од Шпанија или маслинки од Грција.
Делот со сирење имаше знак: „Празна е полицата без странци“
Портпаролот на „Едека“ изјави: „Супермаркетот се залага за диверзитет и ние создаваме широк спектар на храна во нашиот асортиман, кој се произведува во различни региони на Германија. Но, само заедно со производите од други држави ние создаваме уникатна разноликост која нашите муштерии ја ценат“. Ние сме почестени што добивме голем број позитивни критики од саботната акција“.
Се уште не се знае дали празните полици во супермаркетот се дел од уметнички проект или пак од маркетинг кампања.