Денешната младина е прилично приврзана со интернет комуникацијата и многу често голем број на одговори на нивните најразлични прашања најпрво ги пребарува на интернет….многу почесто отколку што за тоа ги прашува своите родители. Се сеќаваме сите дека пред големата интернет револуција, за голем број на нашите едноставни прашања имавме разговори со нашиот татко или мајка, кои ни укажуваа како да постапиме во определени ситуации или не учеа како да направиме нешто.
Gillette во својата најнова кампања “Go Ask Dad“ работена со асистенција на агенцијата Grey, сака да покаже на важноста на консултацијата со нашите родители, покажувајќи споредба на направена работа после совет од интернет и совет од својот татко.
https://www.youtube.com/watch?v=fmWRODY0ing