“Најголемиот огласувач за мажи” уште еднаш застана на чело на иницијативите кои промовираат инклузивност и родова еднаквост
После големото внимание на медиумите по повод рекламата “We Believe” од која навредени се најдоа голем број мажи во светот и која беше наречена „токсична реклама против мажите“,Gillette повторно се занимава со прашањата за родова еднаквост, со лансирање на нова кампања наречена #MyBestSelf, чија цел е промовирање на родовата вклученост.
Рекламата “We Believe“ предизвика жестока дебата за иднината генерација мажи, поттикнати од скандалите поврзани со движењето „Me Too“.
Иако рекламата имаше за цел да укаже дека одредени однесувања стекнати во општеството можат да имаат негативно влијание како врз мажите, така и на целото општество, предизвика бојкот во јавноста, кога многумина го критикуваа феминистичкиот пристап на кампањата.
И покрај противењето на јавноста, Gillette смета дека има легитимно право да зборува за оваа тема, со оглед на тоа што претставува огласувач за мажи во светот.
Убедени дека како бренд имаат право и одговорност да ги предводат дискусиите за прашањата за родова еднаквост, Gillette сега започна кампања #MyBestSelf, која повторно го користи стариот слоган “Best a Man Can Get“.
Еден од пресвртни точки во животот на еден млад човек е дефинитивно првото бричење, а за демонстрира дека “Најдоброто за мажите“ ги опфаќа сите мажи, Gillette објави краток филм наречен “Прво бричење” (‘First Shave’), каде што главната улога ја игра Самсон, трансродов тинејџер, чиј таткого учи да се бричи.
На крајот на филмот, се појавува текст “во кое било време, било каде и како и да се случи – твоето прво бричење е посебно”.