Апликацијата за запознавање Match, со помош на Рајан Рејнолдс и неговата креативна агенција Maximum Effort, ја лансираше својата нова кампања насловена “Match made in hell” („Спој направен во пеколот“) во која на еден хумористичен начин се истакнува дека секој може да ја најде својата сродна душа.
Рекламата отпочнува со сцена во која ѓаволот неинспирирано и тажно седи на својот престол во пеколот. Меѓутоа, тогаш, преку апликацијата за запознавање на неговиот мобилен телефон, добива нотификација дека е пронајдена одговарачка личност како за него – персонифицираната 2020 година.
Парот потоа заеднички ужива во празните стадиони и кина, краде тоалетна хартија и така со ред сите работи кои станаа „новата нормала“ во оваа пандемиска 2020 година. На крајот, седејќи заедно на клупа, парот меѓусебно си изразуваат љубов и желба дека не сакаат оваа година да заврши – додеѓа во позадина паѓаат метеори.
Рекламата е проследна и со песната „Love Story“ на Тејлор Свифт, преработена специјално за овој спот.