Откако успеа да ја најде својата вистинска љубов на Match.com, Сатаната одлучи да остане на Земјата и „поштено“ си се вработи во телекомуникациската „компанија“ Big Wireless, измислен конкурент на вистинската американска телеком компанијата Mint Mobile.
Создадена од страна на агенцијата Maximum Effort Productions во сопственост на холивудскиот актер Рајан Рејнолдс, рекламата има стил на лажен документарец составен од исечоци од „работниот процес“ на компанијата, комбинирани со интервјуа од вработените.
Според кажаното, Сатаната одлично се снашол во својата нова позиција, бидејќи вработените во телекомуникациската компанија знаеле да ги мачат луѓето на едно сосема друго ниво. „Јас учам толку многу!“ – ентузијастично истакнува Сатаната.
Од друга страна, се чини и дека самата компанија е задоволна што го има Принцот на темнината во своите редови.
„Тој е навистина одлично дополнение на нашиот тим. Цените скокнаа. Времето на чекање се дуплира, а некои трошоци се толку добро скриени, што ние самите не можеме да ги најдеме“, посочува Тим, потпретседателот на Big Wireless.
Се разбира, нарачателот на рекламата, Mint Mobile, е целосна спротивност на својот „зол конкурент“.