Популарниот бренд на пица Papa John’s има нов вкус кој сака да го сподели со своите потрошувачи во Обединетото Кралство. Се работи за пица со Чоризо – вид на екстра-зачинет и ферментиран колбас од свинско месо кој потекнува од Пиринејскиот Полуостров.
По тој повод, брендот ја лансираше кампањата “Planet Chorizo” („Планета Чоризо“) во која го претставува гламурозниот вонземски свет на вкусната пица. Централниот спот на кампањата прикажува една млада девојка која по гледањето на некаква реклама за новата пица е „вшмукана“ во телевизорот и интергалактички транспортирана во шарен и светликав свет на вселенска мода и шминка.
Кампањата е главно насочена кон припадниците на младата Генерација Z и влече стилска инспирација од популарните филмски серии како “Euphoria” и “Sex Education”.
За реализација на кампањата биле ангажирани креативната агенција Atomic London и продукциското студио Sticker Studios.