Традиционално и оваа година, агенцијата Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep an eye го организираат годишното прогласување на најдобрите македонски веб сајтови во повеќе категории.
Целта на манифестацијата “САЈТ НА ГОДИНАТА“ која се оддржува по седми пат е да придонесе кон развојот на веб сајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите, интернет маркетингот и севкупното интернет издаваштво во државава.
Централната манифестација на која ќе бидат доделени признанијата за најдобрите веб сајтови ќе се одржи во фоајето на МОБ на 24-ти Декември во 19 часот.
Воедно, на настанот ќе се доделат и признанија за луѓето кои континуирано работат на развојот на веб медиумите во Македонија.
Дотогаш, сите интернет посетители се повикани да го дадат својот глас за оние сајтови за кои сметаат дека ја одбележале годинава што изминува, бодувајќи ги на следниов ЛИНК.
Маркетинг365 во своето досегашно постоење на трипати добивал признанија на оваа манифестација, двапати освојувајќи го првото место во категоријата “Најдобар блог“ (во 2011 и 2015 година) и еднаш освојувајќи го второто место во категоријата “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (во 2014 година).