Алгоритмите за гласовно препознавање кои ги користат гласовните асистенти се изградени врз база на библиотеки на стандардни начини и обрасци на говор, поради што луѓето со силни локални акценти може да имаат потешкотии во нивното користење. Уште една група на луѓе кои имаат проблеми со гласовните асистенти, а всушност можеби ја имаат и најголемата потреба од нив, се луѓето со физички попречености во развојот како што е Дауновиот синдром.
Според некои анализи, гласовниот асистент на Google погрешно го разбира секој трет збор на просечен човек со Даунов синдром. Со цел да се подобри оваа негативна статистика, Канадското здружение за лица со Даунов синдром (Canadian Down Syndrome Society) ја отпочна иницијативата “Project Understood“, во соработка со Google и агенцијата FCB Canada.
Начинот на кој ќе се постигне посакуваната е цел е создавање на дата-база на гласови на лица со Даунов синдром врз основа на која алгоритмот на гласовниот асистент ќе може да учи.
Спотовите кои имаат за цел да ја промовираат кампањата го следат Мет МекНил, канаѓанин со Даунов синдром, како патува до седиштето на Google во Калифорнија и заедно со инженерити на технолошкиот гигант работи на подобрување на алатките за гласовно препознавање.
Сите лица со Даунов синдром можат да се вклучат во акцијата преку „донирање“ а нивните гласови – снимање на тест-фрази на официјалниот веб-сајт на проектот.