Три меѓународни саморегулаторни организации, ICAS, EASA и CONARED упатија заеднички повик до сите вработени во рекламната индустрија по повод кризата со КОВИД-19
Меѓународниот совет за саморегулација во огласувањето, (ICAS), Европскиот сојуз за стандарди во огласувањето (EASA) и неформалната мрежа на саморегулирачки тела во Латинска Америка (CONARED), подготвија заедничка изјава за важноста од одговорно огласување за време на криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.
Во изјавата тие им се заблагодаруваат на голем број компании, огласувачи, агенции и медиуми, кои со голема количина на креативност преку разни канали (вклучително и финансиска помош), повеќе од одговорно ги поддржуваат напорите на владите во управувањето со епидемијата.
Во соопштението, трите саморегулаторни организации исто така изразуваат жалење што некои, дури и во овие тешки времиња, со нивното неодговорно рекламирање ги поткопуваат советите на надлежните здравствени установи и ја користат оваа криза, а во најлош случај, дури и го загрозуваат јавното здравје.
Затоа, потенцираат дека во глобалната рекламна индустрија е важно сите строго да се придржуваат кон одредбите на постојните регулативи и кодекси за саморегулација. Особено, тие го свртуваат вниманието на самоодговорноста кон чесно и вистинито рекламирање, кое ги користи само оние тврдења кои се целосно поддржани со професионални докази. Во изјавата се повикува на проактивно дејствување во случај на откривање на спротивставени практики – првенствено преку нивно препраќање до надлежните органи за преглед, било на на национално или меѓународно ниво.
Целата изјава можете да ја прочитата овде.