Бројот на цигари продадени ширум светот во 2015 година е опаднат за 2,1% на околу 5,500 милијарди парчиња, што е најголем меѓугодишнен пад во повеќе од 20 години – покажува истражувањето на Euromonitor International.
Најголемо негативно влијание на падот на продажниот волумен на глобално ниво имаше кинескиот пазар и целиот азиско-пасифички регион, каде падот на количинската продажба изнесува околу 2,7%.
Волуменот на продажба на рускиот пазар, исто така, е намален за 6%. “Заради тоа проценуваме дека рускиот пазар во 2020 гоина ќе биде намален за дури 100 милиони цигари во однос на 2001 година“, вели Shane MacGuill, која раководеше со ова истражување.
Западна Европа, пак, оствари раст на количинската продажба за прв пат после неколку години. Иако “страмежлив“, растот од 1% е доказ дека пазарот се стабилизира и се намалува бројот на потрошувачи кои се “снабдуваат“ со цигари од сивиот пазар или своите потреби ги задоволуваат со елекетронски цигари.