Посетителите на фестивалот ќе слушнат светската пракса за примената на вештачката интелигенција во банкарскиот сектор, користењето на виртуелната реалност во пренесување емоции и важноста на анализата на податоци и GDPR
Оваа година фокусот на фестивалот Денови на комуникации е ставен на симбиозата на технологија и креативност, а тоа го потврдуваат најавените говорници, одлични професионалци Кристофер Малмер, Стив Лок и Сол Роџерс.
Кристофер Малмер е еден од челните луѓе во големиот огласувач-водечката скандинавска банка Skandinaviska Enskilda Banken (SEB), кој ќе зборува на фестивалот со поддршка на Амбасадата на Шведска. Малмер е познат како еден од најголемите експерти за финтех инвестициите. На фестивалот ќе зборува за најновите технолошки достигнувања на банките, како што е употребата на платформата за вештачка интелигенција во пракса и за унапредување на работењето и ќе го претстави дигиталниот асистент на банката, виртуелен агент наречен Амелија. Амелија е платформа за вештачка интелигенција која ги решава проблемите како човек, со многу поголема брзина, а во исто време, комуницира со клиентите и ги следи емоциите.
За тоа како да се користи GDPR регулативата за унапредување на работењето и кои се вистинските употребливи стратегии во битката за податоци, ќе зборува Стив Лок. Лок кој доаѓа од магазинот “Економист”, познат е визионер и научен гуру кој креира трендови. На Денови на комуникации ќе зборува за моменталната состојба во индустријата поврзана со GDPR регулативата, со осврт на дигиталната трансформација и сугестиите за иновативни тактики за огласување кои може да се користат, заради подобрување на работењето во новата доба на GDPR. Зад Стив има 22 години искуство, a за неговата работа има добиено бројни награди за користење на податоци во маркетинг активности, како злато во Кан, DMA Гран-при и награда неодамнешната IPA награда за најпаметно користење на податоци и технологии.
Посетителите на Денови на комуникации ќе имаат можност да научат како на креативен и иновативен начин да го привлечат вниманието на гледачот и да раскажат приказна со помош на најновите технолошки достигнувања од Сол Роџерс, кој доаѓа од компанијата Rewind, голем застапник на VR (Virtual Reality), AR (augmented reality) и MR (mixed reality) технологијата и љубител на дигиталната анимација. Роџерс е лицето кој стои зад светски познатите VR проекти, како што се BBC Home – A VR Spacewalk, промоцијата на автомобилот Jaguar I-PACE и промоцијата на филмот Ghost in the Shell, која користеше виртуелна реалност да им даде на публиката можност да влезе во психата на главната хероина.
Малмер, Лок и Роџер се светски познати експерти, а нивните идеи и искуства ги поместуваат границите на професијата, отворајќи нови, креативни начини за комуникација и промоција на проекти. Посетителите на фестивалот Денови на комуникации, ќе имаат можност да ги слушнат нивните искуства, да поставуваат прашања и да учат од нив.