Растот на огласувањето во социјалните медиуми се преполови во текот на изминатата година. Фејсбук бара нови извори на приходи
WARC, глобалниот авторитет кога станува збор за ефикасноста на огласувањето и медиумите, открива дека приходите од рекламирање меѓу клучните компании кои ги контролираат социјалните медиуми и сервиси за пораки во првите три месеци на 2019 се зголемиле за 26,2% и достигнаа 17,9 милијарди долари – што е второ по големина вкупно остварување досега.
Сепак, иако овој раст ги надмина сите други сектори на огласување, тој изнесува околу половина од стапката на раст забележана само една година порано (51,6% во првиот квартал од 2018 година). Сите шест компании кои се проучувани во извештајот – Facebook, Pinterest, Snap, Twitter, Tencent (WeChat / QQ ), Weibo – забележале пад на растот на приходите од огласување во првиот квартал на 2019 година.
Во Северна Америка – најголемиот пазар за огласување на социјалните мрежи (8,0 милијарди долари во првиот квартал од 2019 година), растот на бројот на корисници се намали во последните 12 месеци. Времето на користење на социјалните платформи, исто така, стагнира во овој регион, останувајќи на два часа дневно во последните три години. Facebook има 186 милиони дневни корисници во Северна Америка, Snap 80 милиони, а Twitter 28 милиони корисници. Овие бројки обично не се менуваат или се пониски во однос на претходната година.
Понатаму, растот на европските корисници на социјалните платформи на Facebook (вклучувајќи ги WhatsApp и Instagram) се намали до својата рекордно ниска стапка од 1,4%, додека бројот на корисници на Snapchat во регионот, за прв пат се намалува. Дневната употреба на социјалните мрежи падна за четири минути na 1:49 (часови: минути) низ Европа во споредба со претходната година, објави GlobalWebIndex.
Растот доаѓа од Азија, особено од Индија, Индонезија и Филипини. Дневното време поминато на социјалните мрежи расте низ целиот регион, достигнувајќи 2:11 наспроти 2:09 претходната година. Но, корисниците тука ја монетизираат употребата по многу пониска стапка од нивните западни колеги.
Довербата на корисниците е сè поголем проблем
Намалувањето на растот на рекламирање во социјалните медиуми се одвива истовремено со огромен притисок поради користењето на користничките податоци низ кој поминува технолошкиот сектор во целина, а особено Фејсбук. Неодамнешните истражувања на YouGov, Dentsu и Universal McCann, меѓу другото, откриваат дека половина од потрошувачите веруваат дека технолочките компании и социјалните медиуми имаат премногу моќ и влијание, а сличен процент верува дека е потребна поголема регулација на индустријата.
Две третини од корисниците не веруваат во информациите што доаѓаат од социјалните медиуми, со стапки од дури 82% во Велика Британија и 70% во САД. Дури три четвртини од корисниците сега ја ограничуваат нивната онлајн трага, наведувајќи дека злоупотребата на лични податоци е најголемата причина за недоверба.
Платформите гледаат раст на приходите во трговија на социјалните мрежи
Бидејќи растот на приходите од огласување се намалува, компаниите во социјалните медиуми се повеќе се стремат кон диверзификација. Фејсбук веќе ја објави својата намера до 2020 година да лансира нова крипто валута Либра, во чиј фокус ќе бидат пазарите во развој и Калибра, дигитален паричник, кој ќе биде интегриран во Messenger и WhatsApp.
Додека купувањето на социјалните мрежи се уште е во зачеток на западните платформи, во Кина, стана секојдневие како резултат на леснотијата на мобилните плаќања. Во првите три месеци од оваа година, Tencent оствари профит од 21,8 милијарди јени (3,2 милијарди американски долари) од FinTech. Меѓутоа, во САД, безбедноста на податоците и приватноста се наведени како главна загриженост за развојот на трговијата на социјалните мрежи, а ова е суштински предизвик со кој Фејсбук ќе мора да се соочи.
Сумирајќи ја ситуацијата, Џејмс МекДоналдс, главен уредник на WARC Data и автор на истражувањето, вели: “Секторот на социјалните мрежи сè брзо се шири – остварувајќи 17,9 милијарди долари приходи само во првите три месеци од оваа година – но тој раст во последниот квартал се намали и се преполови во споредба со минатата година. Бројот на корисници продолжи да расте во Северна Америка, а довербата на потрошувачите во социјалните мрежи опаѓа. “
“Фејсбук сака да ги прошири своите извори на приходи со лансирање на Либра која, како што се наведува, нема директно да се користи за збогатување на базата на податоци на потрошувачите собрани од продажба на реклами. Сепак, цената на рекламирање на социјалните платформи на Фејсбук може значително да се зголеми, доколку компанијата докаже поврзаноста на рекламата која се пласира и зголемувањето на продажбата која се одвива со помош на Либра. “
Глобална медиумска анализа – намалување на растот на приходите во социјалните медиуми
- Порастот на огласувањето во социјалните медиуми и платформите за бесплатни пораки, глобално во првиот квартал од 2019 година, изнесува 26,2%, односно 17,9 милијарди долари
- 42,1% од корисниците им веруваат на инфлуенсерите кога станува збор за производите и услугите
- 50,0% од корисниците веруваат дека социјалните медиуми и технолошките компании имаат премногу моќ
- 70,0% од корисниците на САД не им веруваат на информации од сајтовите на социјалните медиуми
- 71,1% од испитаниците ја наведуваат безбедноста на податоците како најголема загриженост во случај на купување на социјалните мрежи
- 95,5% од новите корисници на дневна основа се приклучуваат на Фејсбук надвор од Северна Америка
Други клучни информации достапни од од извештајот на WARC се:
- Paywalled вестите стануваат сè поскапи на повеќето пазари
- Загубите поради измамнички реклами паднаа под 6 милијарди американски долари
- Во последниот квартал, Alibaba од трговија заработи скоро 80 милијарди јени (12 милијарди долари)
- Радиото достигнува до повеќе Американци од сите други медиуми
- Потрошувачите избираат приватноста поради најбрз раст на DuckDuckGo
- 16% од профилите на Фејсбук се бескорисни за огласувачите
Global Ad Trends, месечниот извештај кој се базира на податоците од WARC за огласувањето и медиумите, со цел да се добие претстава за севкупниот развој на индустријата, е дел од WARC Data, онлајн сервис кој содржи тековни референтни вредности за огласување, прогнози, податоци и трендови на инвестиции во медиумите и нивно користење.
За повеќе информации посетете ја страницата: https://www.warc.com/data