Крис Макдоналд, глобалниот генерален извршен директор и претседател на McCann, најави повлекување од функцијата после 18 години поминати во агенцијата. Според магазинот Campaign, Макдоналд се враќа во Обединетото Кралство после 10 години поминати во САД, и тоа поради фамилијарни причини.
Крис Макдоналд се приклучил на McCann London во 2005 година, пред да се пресели во САД во 2013 година. На функцијата Глобален CEO на McCann стапил пред точно две години, во јануари 2021 година.
По заминувањето на Макдоналд, функцијата глобален генерален извршен директор на McCann ќе ја преземе Дерил Ли, кој истовремено ја извршува функцијата генерален извршен директор на мрежата McCann Worldgroup.
„По речиси 10 години во САД, време е да си одам дома. Ја сакав секоја минута и многу сум им благодарен на сите луѓе со кои работев и многу сум горд на сето она што го постигнавме. McCann е неверојатно посебно место, со брилијантни клиенти и непоколеблива посветеност на креативноста. Не се сомневам дека Дерил и неговиот лидерски тим ќе го доведат McCann Worldgroup до уште поголем успех и јас ќе навивам гласно од другата страна на Атлантикот“ – изјави Крис Макдоналд по повод неговото повлекување.