Меѓународната компанија за маркетинг истражувања WARC предвидува пад од 10.2%, односно 63.4 милијарди долари во глобалните инвестиции за огласување за 2020 година. Падот е предизвикат од големото кратење на трошоците во автомобилската индустрија, малопродажниот сектор и туризмот, како резултат на пандемијата на Ковид-19.
Новите проекции, базирани врз податоци од околу стотина пазари ширум светот, се за 2.1% полоши од претходните проекции на WARC дадени во мај годинава, кога се предвивуаше пад од 8.1%. Проценките се дека на глобалниот огласувачки пазар ќе му бидат потребни 2 години за да се опорави од ваквиот пад. Предвидениот раст за 2021 година изнесува 6.7%, што ќе надокнади за 59% од загубата во 2020 година. На огласувачкиот пазар ќе му биде потребен раст од барем 4.4% во 2022 години за да се изедначи со врвот од 2019 година кој изнесуваше 620.6 милијарди долари.
Во однос на медиското трошење, традиционалните медиуми бележат најголема загуба – пад од 19.7%, односно 62.4 милијарди долари, при што, линеарната телевизија, од сите традиционални медиуми поедниечно, забележа најголем пад – 16.1%, односно 29.9 милијарди долари помалку од минатата година.
Кината забележале пад од 46.5%, out-of-home медиумите пад од -27.3%, весниците пад од 25.5%, магазините пад од 25.4% и радиото пад од 18.4%. Задно со теливизијата, сите тие ги забележуваат своите најслаби бројки откако WARC започна со своите пазарни истражувања пред 30 години.
Дигиталниот огласувачки пазар бележи само минмален пад од 0.3%, меѓутоа ова е прва години како тој не забележал раст од 2000 година. Онлајн видеата се единствениот огласувачки формат за кој е предвидено да забележи раст во 2020 година, +7.9%.
Во однос на инвестициите за огласување по индустрии, автомобилскиот сектор забележа пад од 21.2%, а малопродажниот сектор пад од 16.2%. Пандемијата особено тешко го погоди секторот за туризам и патување, кој оваа година ќе забележи пад од 33.8% во инвестициите за огласување.
Владиниот и непорофитниот сектор е единствениот за кој оваа година се проценува дека ги зголемил своите инвстиции за огласување.
Се очекува дека сите категории ќе забележат раст во огласувањето за следната година, при што туризмот ќе предводи до раст од 19.5%, по што ќе следат телекомуникациите (+10.6%), медиумите (+8.4%) и индустриското производство (+5.3%).
„Оваа 2020 година беше најнепријатната година за огласувачката економија во последните 40 години откако ги спроведуваме истражувањата на пазарот. Некои платформи, како електронската трговија и социјалните добра, ќе ја поминат оваа година релативно недопрени, но големото мнозинство од медиумскиот пејсаж беше сведок на драстично материјално влијание. На хоризонтот не се гледа брзо враќање назад. Иако следната година се очекува раст во сите делови на индустријата, тоа повеќе ќе биде одраз на бурната 2020, отколку светла 2021 година. Растот на невработеноста ќе ја намали и потрошувачката во текот на следната година, и покрај тоа што можноста за програма за вакцинација нуди причина за оптимизам меѓу потрошувачите и деловните субјекти, тоа може да биде само една точка во закрепнување што ќе се протега две години,“ истакнува Џејмс МекДоналд, директор за податоци во WARC и автор на истражувањето.