Компанијата за маркетинг истражувања WARC објави дека глобалните инвестиции за огласување ќе пораснат за +4,4% оваа година и дополнителни +8,2% во 2024 година. Па, како резултат на големиот раст, глобалните инвестиции за огласување во 2024 година ќе надминат 1 трилион долари.
Новата анализа објавена вчера за прв пат ги комбинира податоците од традиционалната анкета на WARC, која опфаќа сопственици на медиуми, индустриски тела, огласувачки агенции и истражувачки организации на 100 пазари ширум светот, со податоци за приходите од огласување на 40-те најголеми нудители на медиумски простор – и тоа сѐ со цел да понуди поцелосна слика за состојбата на огласувачката индустрија.
Прибраните податоци покажуваат дека само пет компании – Alibaba, Alphabet, Amazon, Bytedance и Meta – ќе привлечат повеќе од половина (50,7%) од глобалните инвестици за огласување оваа година и ќе ја консолидираат таквата позиција во 2024 година со зголемен удел од 51,9%.
Приходите од огласување на петте најголеми медиски компании се очекува да пораснат за +9,1% оваа година и +10,7% следната 2024 година, додека приходите од огласување на сите други медиумски компании заедно ќе останат рамни.
„Нашите нови мерења покажуваат како состојбата на само пет компании има големо влијание врз перспективите на индустријата во целина, и дека овие компании се на пат да забележат преголеми добивки во наредните месеци“ – објаснува Џејмс Мекдоналд, директор за податоци, инфромации и предвидувања во WARC.
Во однос на примената на комуникациски каналите, истражувњето покажува дека социјалните платформи, медиумите на местото на малопродажба и паметната телевизија ќе имаат најголем раст во следните две години.
Анализата на инвестциите по сектори на производи покажува дека Финансиските услуги (+11,5%) се на пат да бидат најбрзорастечкиот сектор во 2024 година, по што следува Технологијата и електрониката (+11,3%), односно Фармацијата и здравството (+11,0%).
По географски региони, огласувачките инвестиции ќе забележат најголем раст на Блискиот Исток (+10% во 2023 и +6.2% во 2024) и во Јужна Азија (+8.9% во 2024 и +12.1% во 2024). Инвестициите за огласување во Европа се предвидени да се зголемат за само +0,6% оваа година, но со претпоставеното подобрување на економската ситуација, се очекува дека таа стапка ќе порасне на +3,6% во текот на следната 2024 година.