Агенцијата Young&Rubicam од Сан Пауло, Бразил за потребите на адвертајзинг школата Miami Ad School/ESPM, со дозвола на McCann Melbourne направи преработка и пародија на веќе култната “Dumb Ways to Die“ реклама (оригинално направена за австралиската железница Metro Trains ) со која го прикажува “тешкиот живот“ на креативците и сите нивни “проблеми“ и “закопани“ креативни идеи !
Бразилската верзија прикажува многу начини на кои една креативна идеја може да биде “убиена“ во салата за состаноци.
Како што вели Пауло Андре Бионе, генереалниот директор на Miami Ad School/ESPM, агенцијата (Y&R) избрала одлична идеа за да се бара инспирација во оваа кампања, што е одлична референца за младите луѓе кои допрва ја почнуваат својата креативна кариера.