Вештачката интелигенција и алгоритмите веќе силно влијаат на медискиот сектор, менувајќи го начинот на кој потрошувачите ги консумираат содржините и како брендовите се поврзуваат со публиката. Во својот извештај за 2025 година, насловен „Година на влијание“, агенциската групација Dentsu детално ги анализира овие промени. Извештајот, подготвен од експерти од агенциите Carat, dentsu X и iProspect, се осврнува на трансформациите предизвикани од алгоритмите, вештачката интелигенција и новите димензии во ангажманот на потрошувачите, кои се очекува значително да ја обликуваат иднината на медиумите.
„Брзата интеграција на вештачката интелигенција во медискот сектор го промени начинот на кој брендовите комуницираат со потрошувачите, означувајќи го почетокот на ерата на алгоритми каде што создавањето вредност ги надминува границите на експериментирањето“ – вели Вил Свејн, претседател за глобални медиски практики во Dentsu. „Извештајот за 2025 година е комплет алатки за брендовите кои сакаат да напредуваат во оваа нова ера, нудејќи стратешки насоки за ползувањето на ‘niche’ заедниците, телевизијата и малопродажните медиуми“.
Според извештајот „Година на влијание – Медиумски трендови 2025“ на Dentsu, клучните теми кои ќе го поттикнат развојот на индустријата ги вклучуваат:
- Вештачката интелигенција преминува од потенцијално во реално влијание
Вештачката интелигенција еволуираше од тренд до трансформативна сила, станувајќи дел од секојдневниот живот, менувајќи го медиското планирање, креирањето содржини и интеракцијата со потрошувачите. Динамичната персонализација овозможена од вештачката интелигенција отвора нови можности за брендовите да создадат силна врска со потрошувачите.
- Раскажувањето приказни го пробива алгоритамскиот балон
Специфичните интереси стануваат непроценливи ресурси за брендовите кои сакаат да се истакнат. Раскажувањето приказни ќе биде главната алатка за брендовите во медиумскиот простор управуван од алгоритми, создавајќи привлечни приказни на телевизија и дигиталните платформи.
- Малопродажните медиуми ги трансформираат медиумите
Малопродажните медиуми продолжуваат да растат брзо, обезбедувајќи им на огласувачите уникатни податоци за клиентите. Со големите играчи како Amazon, Walmart и финансиската индустрија кои ги прошируваат своите огласувачки способности, комбинацијата на малопродажба и медиуми станува клучна компонента на медиските стратегии.
- Потрага по квалитет
Со зголемувањето на медиските инвестиции расте и потребата за подобар ангажман. Брендовите треба да им дадат приоритет на стратешките партнерства и врвната содржина за да се истакнат и да обезбедат моментални резултати и долгорочна вредност на брендот.
- Локализација на стратегиите
Бидејќи технолошките и медиумските навики се развиваат нееднакво во различни региони, брендовите сè повеќе ќе мора да применуваат локализирани стратегии. Регулаторните, економските и технолошките разлики го менуваат глобалниот медиумски пејзаж, така што брендовите мора да бидат подготвени да се прилагодат на овие предизвици.
Извештајот „Година на влијание“ преставува важно четиво за маркетерите и медиумските професионалци кои сакаат да ги подобрат своите стратегии за иднината и да ги искористат можностите што се појавуваат во 2025 година. Истиот во целост можете да го преземете на следниот ЛИНК.