Халкбанк е една од компаниите кои несомнено претставуваа силна искра на позитивност во сите измешани работи што се случуваа во годината што изминува. Нивниот однос спрема вработените, клиентите и целата заедница навистина остави длабок печат и патоказ како една компанија треба да се однесува и да биде одговорна и активна, токму тогаш кога е најпотребно.
Презедоа лидерска улога во многу активности поврзани со општествена одговорност и поддржаа многу сегменти на екологијата, спортот и културата. Направија значителни парични донации во клучни моменти и обезбедија услуги и активности кои силно ги поддржаа и граѓаните и домашната економијата.
Видеото во продолжение прави еден брз преглед на сите CSR активности на Халкбанк во 2020 година кои ќе останат како силен доказ за нивната посветеност кон заедницата и вредностите кои треба да се следат…бидејќи на крај на ден и на крај на година…ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО!