Најголемите адвертајзинг групации во светот ги објавија своите финансиски резултати за 2024 година.
Британската групација WPP соопшти дека вкупните приходи за 2024 година им изнесувале 14.74 милијарди фунти, односно 18.5 милијарди долари, што претставува пад од -0,7% на годишно ниво.
Француската групација Publicis забележала вкупни приходи од 16.03 милијарди евра, односно 16.65 милијарди долари, претставувајќи раст од +8,3% во однос на претходната 2023 година.
Американската групација Omnicom забележала вкупни приходи во износ од 15.7 милијарди долари, со раст од +5,2% на годишно ниво.
Американската групација Interpublic соопшти вкупни приходи од 10.7 милијарди долари, претставувајќи пад од -1,8% во однос на претходната година.
Јапонската групација Dentsu забележала вкупни приходи во износ од 1.40 трилиони јени, односно 9.35 милијарди долари, што претставува раст од околу +7,8% во споредба со вкупните приходи во 2023 година.