Секогаш барајќи начини како да ја поддржи и поттикне локалната креативност, фестивалот Golden Drum склучи партнерство со Асоцијацијата нa ПР агенции во Полска (ZFPR) за да земе учество во нивните Golden Clip Awards. Се работи за натпреварување основано со цел да ги подигне стандардите и да ги промовира најдобрите, најкреативните и најпрофесионално имплементираните проекти во полската индустрија за односи со јавноста.
Здружениот тим имал можност да оценува одлични и висококвалитетни ПР кампањи и да избере победник кој ја доби наградата “Clips and Drums” – специјално меѓународно одликување кое го доделува Golden Drum. Дополнително, на авторот на победничката кампања му беше доделена бесплатна котизација за учество на фестивалот Golden Drum во 2022 година.
„Победникот демонстрираше брзо размислување, одличен кризен менаџмент и решавање на проблеми со мал трошок. Успеа да ги штиклира сите полиња преку ПР-перспективата, но уште поважно, истовремено се обрати кон пошироката публика на еден многу храбар, креативен и директен начин. Ова одлично дело ја одразува потребата да се поддржат сите човекови права, сега повеќе од било кога досега“, објасни Мојца Бришчик, извршен директор на Словенечката огласувачка комора и претседател на фестивалот Golden Drum.
Победничата кампања е насловена “Hejter za dyche” („Хејтер за десет“). Осврнувајќи се на многу чувствителна тема преку разоткривање на верувањата и охрабрување на луѓето да живеат според сопствените принципи, кампањата беше дизајнирана за пиварницата Browar Tenczynek од стрна на агенцијата Labcon.
Марта Лисијак, ко-основач и управен директор во Labcon, искоментира: „Освојувањето на оваа награда за нас не е само задоволство, тапкање по рамо, туку и уверување дека одиме во вистинската насока. Да се биде смел и директен не мора да биде единствениот начин за управување со кризите, туку и да се направи нешто навистина добро. Не се плашиме да се зафатиме со тешки теми и да се бориме за човековите права – особено сега во Полска, каде што е потребно повеќе од кога било. Како агенција, секоја година ги користиме нашите ресурси за да им помогнеме на невладините и добротворните организации, така што создавањето на соработка помеѓу комерцијален клиент и ЛГБТ-организација е остварување на сонот. Оваа награда е охрабрување да направиме уште повеќе, да работиме според нашите убедувања, без разлика на какви пречки ќе наидеме. Дополнително, голема чест е да се биде прв во историјата што ја добил оваа награда во Полска. Ви благодариме!”